еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија со нота до Македонија: Реагира за дел од слоганите на протестите во Скопје

Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“.

-Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно взаемноприфатливо решение во интерес на европската интеграција на С Македонија и регионот, се наведува во нотата.

Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на взаемно почитување и искрено пријателство.

МИА/Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест нови случаи на ХИВ/СИДА во Скопје, Кочани, Тетово и Прилеп

Редакција

Годинешнава туристичка сезона е критична, ризична и неизвесна, оценува бизнис секторот

Редакција

Од Ковид-19 починале 9 лица, сите со коморбидитети

Редакција