еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 9 лица, сите со коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 6 починати лица од Ковид-19: 2 починати лица од Скопје (76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г) и Тетово (68г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2), Велес (1).

Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 9.036.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 447 оздравени од Ковид-19

74 се реинфекции: 457 нови случаи на Ковид-19 од 2.730 тестови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство, тврди бугарскиот амбасадор во ЕУ

Редакција

Скопски “ЖАС“ со загуба и блокирана сметка

Редакција

Избега еден од осудените за нападот на пратеникот Зијадин Села во Собранието

Редакција