еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

На секој втор човек во светот му се намалени приходите поради пандемијата со Ковид-19

На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражување на Галуп објавено денеска.

Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажаа дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку поради пандемијата.

Тоа значи дека пандемијата погодила 1,6 милијарди возрасни низ целиот свет.

– Во целиот свет тие проценти се движеа од 76 проценти во Тајланд до 10 проценти во Швајцарија, соопшти Галуп.

Во Боливија, Мјанмар, Кенија, Уганда, Индонезија, Хондурас и во Еквадор, повеќе од 70 проценти од испитаниците изјавиле дека заработувале помалку отколку пред пандемијата на коронавирусот, додека во САД, 34 проценти рекле дека имаат помалку приходи.

Кризата предизвикана од коронавирусот особено ги погоди жените, кои главно се вработени во ниско платени сектори, како што се малопродажба, туризам и услуги за храна.

Во 57 земји, вклучувајќи ги Индија, Зимбабве, Филипини, Кенија, Бангладеш и Салвадор, повеќе од 65 проценти од испитаниците изјавиле дека престанале да работат некое време поради пандемијата.

Најмалку луѓе престанаа да работат во развиените земји со високи примања, па така секој десетти човек во Австрија, Швајцарија и Германија привремено престанал да работи.

Во САД 39 проценти од населението привремено престанало да работи поради пандемијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приходите повисоки за 6,6 милиони: Од патарини лани собрани 53, 2 милиони евра

Редакција

Само Амди Бајрам може да има ваков анкетен лист: Каков имот пријавил

Редакција

Убава вест: 278 оздравени од Ковид-19

Редакција