еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Ресторан „Белојшки бисер“ е вистински бисер под падините на Шара

Ресторанот „Белојшки Бисер“ во Беловиште, Тетово се наоѓа во непосредна близина на излетничкото место Петачко Водиче, на самиот пат кој води до таму.

Во Беловиште има неколку ресторани, но сепак овој е единствениот покрај кој поминува реката. До неа има поставено маси, а жуборот на водата е единствениот звук кој се слуша.

Пролетта е идеално место за посета, бидејќи ресторанот е претопен во зеленило и „потопен“ од водата која се топи од Шар Планина.

Во близина на ресторанот има прекрасна природа, извор со лековита вода, манастир, мала црквичка, водопад и уште многу работи кои вреди да се видат. Ви оставаме самите да откриете.

Сопственикот на ресторанот, но и вработените се исклучително љубезни и му посакуваат добредојде на секој гостин.

Храната е свежа и вкусно приготвена, но и цените им се нормални.

Фото: еМагазин.мк /Инстаграм/Белојшки бисер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ не се сликаа за заедничката фотографија на техничката влада

Редакција

Претрес во Управата за финансиска полиција

Редакција

Кој е Селаудин Арифи, кој го купи кичевски „Жито Караорман“

Редакција