еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова побарала од италијанскиот претседател гаранции за евроинтеграциите

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на средбата со италијанскиот колега Серџо Матарела во Рим од него и од Италија побарала гаранции за евроинтеграциите на Македонија.

-Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас се разира и во барањето на решенија со соседите, изјави Сиљановска Давкова по средбата со Матарела, пренесе државната агенција МИА.

Таа средба ја оцени како плодна и конструктивна. На неа разговарале за сестраната соработка во период од 30 години, не само со нас, туку и со целиот регион на Западен Балкан.

-Претседателот рече дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот, да не поддржува нас, во секој поглед, не само во евроинтеграциите, туку и во економијата, обраозванието, културата, одбраната, па и италијанското и нашето членство во меѓународни организации, рече Сиљановска Давкова.

Истакна и дека на средбата ја импресионирало тоа што Матарела покажал длабоко разбирање за направените жртви на земјава во процесот на евроитеграциите.

-Напомена дека во моментов не може да зборуваме дека има големи и мали држави во ЕУ, дека сите се мали и дека сите имаат потреба едни од други. Постигнавме согласност дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како од оние што се внатре, рече Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Силјановска се поклони пред гробот на Св. Кирил во Рим

Силјановска и Радев нема да се сретнат во Рим

(Фото) Што му подари Силјановска на Папата Франциск

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Бугарија не е проблем присуството на бугарскиот конзул за време на увидот на КЗСД во бугарскиот клуб

Редакција

Саниран е дефектот на водоводната цевка, кој остави голем дел од Центар без вода

Редакција

Кој е Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател на Македонија

Редакција