еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопската зоолошка е затворена, поради сомнение за присуство на птичји грип

Скопската зоолошка градина од утринава е затворена, неофицијално поради сомнение за постоење на птичји грип. На влезот има и соопштение за затворањето поради како што е наведено „техничко оперативни работи“.

Поранешниот директор Ѓорги Галетновски на својот фејсбук-профил информираше дека посетителите биле евакуирани, а инспектори се веќе влезени.

„Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат,“ напиша Галетановски.

Од Град Скопје информираа дека без образложение, инспектори на АХВ по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ за птичји грип до овој момент убиле неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина.

„Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк.

Повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан Мицкоски. Од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците, се вели во соопштението од Зоолошката градина во Скопје.

Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“

Редакција

Доктор Пановски цитираше упатство од „Сумамед“ за да алармира на прекумерната употреба на антибиотици за лекување Ковид-19

Редакција

Несекојдневен случај на Попова Шапка: Навредувал странци бидејќи не се возеле со неговиот ратрак

Редакција