еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“

По првичната минатогодишна работна средба, претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, по вторпат остварија работна посета на „Алкалоид“, информираат од таму.

За време на посетата, работната група, предводена од генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“,  Живко Мукаетов, ги претстави постигнатите резултати од работењето, инвестициските проекти кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните операции, како и спроведените активности за општествена одговорност, како едни од клучните приоритети во корпоративната политика на „Алкалоид“.

Посебен акцент беше ставен врз соработката на „Алкалоид“ со реномирани компании од САД, како на пример Pfizer и MSD (Merck Sharp & Dohme), трасиранa пред повеќе од 5 децении.

Од деловните потфати во САД особена гордост за „Алкалоид“ се пласманите на чаеви од програмата Good Nature. Во изминатите 18 години, преку својата подружница во Охајо, САД, „Алкалоид“ има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и за дистрибуција на чаеви и на природни лековити производи, како на пример реномираната AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, и компаниите Arbonne International (Groupe Rocher Аrbonne), Swanson и други. Чаевите на „Алкалоид“ на американскиот пазар се присутни и под сопствен бренд, пласирани во големи синџири на маркети, а се продаваат и преку мрежата на Walmart и на Amazon.

Во рамките на глобалната продажна мрежа www.amazon.com, алкалоидовиот чај Healthy Heart фигурира со препознатливата ознака Amazon’s Choice.

Освен пласманите на чаеви од програмата Good Nature и на детската козметика од брендот „Бекутан“, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании, со кои, во рамките на фармацевтската дејност, остварува различни форми на соработка, како на пример лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

-При обиколката на компанијата делегацијата имаше можност да ги посети и одблизу да се запознае со производствените капацитети на сегментот фармација и со најновите современи услови за работа на Институтот за истражување и развој на компанијата.

Членовите на делегацијата, меѓу кои Сара Харбисон, Ноа Санфорд, Брајд Свини, Ванеса Танер, Ентони Вега, Роберт Вилијамс и Дејвид Спектор, го истакнаа своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ и од деловните активности на компанијата на американскиот пазар, велат од таму.

Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL), од своето основање во 1966 година, на своите членови им дава можност за добивање глобална политичка и бизнис-перспектива преку своите програми за меѓународна размена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Нов дневен рекорд во светот- над 581.000 новозаразени со Ковид-19

Редакција

Прележувањето не е гаранција: 116 лица во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19, двајца од нив починале

Редакција

Бреј ни една дива платформа на Матка неможат да срушат!

Петре Димитров