еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Скопје во магична светлина под свеќи – што се случуваше на Мостот на уметноста?

Во пресрет на концертниот спектакл „Candlelight: Timeless“, кој ќе се одржи на 22. март во Македонската филхармонија, многубројните свеќи го осветлија Мостот на уметноста во срцето на Скопје, создавајќи магична атмосфера што го најави овој уникатен музички настан.

Активацијата, која се одржа во четвртокот, привлече бројни минувачи и љубители на класичната музика, кои беа сведоци на несекојдневен визуелен спектакл. Видеото од оваа грандиозна најава го доловува амбиентот и возбудата кои владеат пред концертот што ќе внесе безвременска магија во концертната сала на Филхармонијата.

Петар Пејчиќ: Виртуозот кој со нетрпение го очекува својот прв настап во Македонија

Еден од најдобрите млади виолончелисти во светот, Петар Пејчиќ, за првпат ќе настапи пред македонската публика. Со својот исклучителен талент и меѓународни признанија, Пејчиќ е веќе значајно име на светската класична сцена, a веќе со години го привлекува светското внимание со својата виртуозност, музикалност, неверојатна техника, сценски изглед и харизматична изведба. Toj е награден на неколку престижни меѓународни натпревари, вклучувајќи го Вториот меѓународен натпревар на Кралицата Елизабета, и е дел од програмите на престижни академии и фондации.

„Навистина сум возбуден што ќе настапам во Скопје за првпат! Ова ќе биде исклучителна вечер исполнета со неверојатна музика, емоции и посебна атмосфера. Со нетрпение очекувам да ја споделам сцената со врвниот камерен оркестар Профундис и да ја почувствувам енергијата на македонската публика“, изјави Пејчиќ.

Програма на концертот – безвременски дела и ексклузивна изведба на свитата „The Hours“

Овој концерт ќе понуди богат и внимателно одбран репертоар, кој ги обединува класичните ремек-дела со современи маестрални композиции. Посебен акцент е ставен на саундтракот од филмот „The Hours“, кој за првпат ќе биде изведен во Македонија.

Филип Глас – саундтрак од филмот „The Hours“. Музиката на Филип Глас за овој филм е пример за минималистичката генијалност што носи длабока емоција и меланхолија. Неговата свита ги води слушателите низ слоеви на суптилна експресија, создавајќи атмосфера што остава длабок впечаток.

Давид Попер – Унгарска рапсодија оп. 68. Ова дело е вистински предизвик за секој виолончелист – виртуозноста и драматичните мелодии ја прават рапсодијата динамична и незаборавна.

П.И. Чајковски – Рококо варијации. Инспирирани од класичниот стил на Моцарт, овие варијации се елегантна и виртуозна демонстрација на виолончелистичката уметност.

Концертот под свеќи „Candlelight: Timeless“ ветува музичка вечер исполнета со магија, емоции и врвна уметност. Со безвременскиот саундтрак од „The Hours“, извонредниот Петар Пејчиќ и најдобриот македонски камерен оркестар Профундис, овој концерт е настан што не смее да се пропушти. Влезниците се веќе во продажба преку мрежата на МКТикетс како и онлајн, а интересот е огромен – осигурете го вашето место на време и бидете дел од ова незаборавно музичко патување!

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 15 милиони евра: Владата купува софтверски лиценци од конзорциумот „Аитоникс“-„Крејон“

Редакција

Новинарите наместо правда, за крвавиот четврток добија само прашање од судиите, „што сме барале на 27 април во Собранието“, вели Мрѓа

Редакција

Течат роковите од 48 часа за приговори од учесниците во изборите

Редакција