еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје ќе остане без вода за викендов, ќе се затвори главниот цевковод

ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека во текот на утрешниот ден се предвидени активности за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод.

За оваа цел изготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој зафат со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.

„Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби мжна вода.

Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600 мм поради санација на 5 затварачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов ќе се изврши замена на нефункционален затварач Ф 400 мм на кружен тек во Ѓорче Петров, репарација на затварач Ф600 мм на мост Обединети нации, кој тече, заптивање на затварач Ф700 мм на булевар Партизански одреди, кој протекува и замена на затварач Ф150, кој се наоѓа во истата шахта, санација на затварач Ф700 мм и Ф500 мм на ул. Никола Парапунов и замена на 4 водушни вентили.

Согласно Оперативниот план за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600 мм, Сектор Водовод превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи,“ се вели во соопштението.

Во процесот на активности Сектор Водовод првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф1600 мм.

По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност Сектор Водовод со екипи составени од 6 пункта носители на работата со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот.

Акцијата е предвидена на 21. декември, односно сабота со почеток во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод ќе бидат на предвидените локации.

Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.

„Апелираме до сите јавни чинители да внимаваат во изнесувањето информации и да не предизвикуваат страв и паника кај граѓаните за неколку часовното немање вода.

Овој сериозен зафат се превзема за да се превенираат состојби на дефекти како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде со денови и недели немаше вода поради несанирани дефекти,“ се додава во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Springfield ја лансира линијата R[ECO]NSIDER

Редакција

(Фото) Решението за притвор на Чавков откри дека има вила на Халкидики?

Редакција

На скопјанец му го опожариле „Мерцедесот“

Редакција