Центарот за управување со кризи (ЦУК) издаде вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро
„Да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно.
Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација известија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот.
Патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот. Дирекцијата за заштита и спасување и полицијата имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби, по што Општина Берово ќе интервенира: преку нивни луѓе да им достават што им е потребно,“ се вели во соопштението на ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Снежна бајка во Аурора ресорт&спа во Берово
Фото: Unsplash