еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вања ја плати цената што криминалците не биле апсени и затворани за нивните претходни злосторства, вели Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски смета дека „системот не успеа да ѝ помогне на таа млада девојка“.

„Се работи за криминалци, за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни, и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворани. Не биле апсени и целосно гонети за нивните претходни злосторства. Не морале да ја платат таа цена, и цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената. Срцепарателно е, апсолутно е срцепарателно, и сега не е време за политизација.

Време е за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе. И да се прашаат, што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државава?

Ова е трагедија и се надевам, се молам, дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба да направиме сега за да обезбедиме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи,“ вели Агелер во интервју за Канал 77.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција доставила отпечатоци од прсти од Палевски, а се очекуваат и материјали за ДНК-анализи

Од Палевски зависи колку брзо ќе биде екстрадиран во Македонија

Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?

Фото: УСАИД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смртоносни предизвици на „Тик-Ток“, родители отворете ги очите

Редакција

Од Ковид-19 починале 16 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Прогласена епидемија на морбили на територија на Градот Скопје: 12 нови случаи и сите невакцинирани

Редакција