Само неколку дена откако италијанските медиуми објавија дека десетгодишно девојче починало откако учествувало во предизвикот „задушување„ (Blackout Challenge) на „Тик-Ток“, српските медиуми пренесуваат дека десетгодишно момче е пронајдено мртво во стан во Раковица во Србија, а првичните информации велат дека е голема веројатноста и тоа да учествувало во истата игра.
Девојчето од Италија беше пронајдено во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор.
Во предизвикот на “задушување“ децата намерно го прекинуваат протокот на кислород, обидувајќи се да се задушат, се со цел да предизвикаат чувство што едно лице го доживува пред губење на свест.
Најверојатно и деца во Македонија учествуваат во овој предизвик, затоа родителите треба да останат со отворени очи и да имаат целосна контрола што се имаат нивните деца во телефоните, но и во нивните компјутери.
„Тик-Ток“ станува се популарен и кај нас, а изминатиов период бевме сведоци и на други предизвици во кои се вклучени и повозрасни лица, кои освен својот, во опасност доведуваат и други животи, како на пример предизвикот со брзо возење и „фалби“ за резултатот на „Тик-Ток“.
Нема дилема на „Тик-Ток“ ќе има уште многу опасни предизвици, кои надележните и да сакаат нема да може да ги спречат, освен истата да се забрани. Но, ќе се појави друга социјална мрежа на која ќе се споделуваат нови видеа.
Живееме во едно друго време, во кое треба да бидеме многу повнимателни.
Фото: socialpubli.com