еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинение за инвеститорот на дивоградбата кај „Мавровка”

Скопското обвинителство денеска поднесе до Кривичен суд Скопје обвинител акт за случајот на „Мавровка” во кој инвеститорот бесправно градеше објект од тврда градба, кој потоа беше урнат од надлежните органи.

„По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган“, соопштија од ОЈО Скопје.

На обвинетиот претходно му беа определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки спрема обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ирена Ристиќ и пријателите ги исчистија отпушоците пред полициската станица „Беко“

Редакција

Потребни се средства: Дијана има ретко заболување кое го напаѓа видот и центарот за рамнотежа

Редакција

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција