еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Секојдневно расте бројот на нови случаи заболени од корона вирусот во Македонија, а според податоците што вчера ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) нов град во кој има заразени од корона вирусот е Радовиш, каде се регистрирани две лица со позитивни тестови.

Со тоа бројот на градови во кои има заболени од корона вирусот се искачи на 17, што е половина од вкупниот број од 34 градови во земјава.

Според податоците, објавени вчера, во Македонија се регистрирани 483 случаи на заболени од корона вирусот.

Според место на постојано живеење, тие се регистрирани во: Скопје (221), Куманово (93), Дебар (49), Прилеп (24), Струга (23), Штип (18), Тетово (17), Велес (9), Кочани (7), Битола (4), Гостивар (4), Гевгелија (4), Охрид (3), Кавадарци (2), Крива Паланка (2), Радовиш (2) и Струмица (1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 65,2 додека во Скопје инциденцата е 35,8 на 100.000 жители, покажуваат податоците заклучно 3. април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 53 случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 483: Пет починати

Откако имале контакт со заразена пациентка: Во самоизолација 14 медицински лица во Штип

Позитивни на корона вирусот инфектолог во Прилеп и вработен во фабриката „Гентерм“

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на корона вирусoт, извршена дезинфекција на објектот

Фото: Град Скопје/Графика: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев поднел барање за пасош со „Република Северна Македонија“

Редакција

Двајца странски државјани досега починаа од коронавирусот во Македонија

Редакција

Поскапува само мазутот, цената на бензините и дизелот останува иста

Редакција