еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител за наредните шест месеци

Советот на јавни обвинители денеска ја избра обвинителката Соња Симовска од Државното јавно обвинителство за вршител на функцијата јавен обвинител на Јавното обвинителство, на местото на Љубомир Јовески, чиј што мандат завршува.

Како што образложи претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, која ја предложи Симовска, се работи за јавен обвинител со долгогодишно искуство во Јавното обвинителство.

Таа ќе го води Обвинителството во наредните шест месеци.

На огласот за именување нов државен јавен обвинител што го распиша Собранието на 29. ноември се пријавија тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фатиме Фeтаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски се пријавиле за местото на Јовевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги „попишуваат“ граѓаните без државјанство

Редакција

Електронска комуникација меѓу Јанакиески и Канческа-Милевска презентирана на судењето за „организаторите на 27 април“

Редакција

Висок напон кој дошол до трансформаторот – причина за пожарот во Блок 3 во РЕК „Битола“, покажуваат првичните наоди

Редакција