еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Спектакл на “Танец” во Подгорица по повод “Денот на независноста”

Во присуство на претставници на власта и институциите, дипломатскиот кор, дијаспората и голем број на граѓани во преполната голема сала на КИЦ “Будо Томовиќ” се одржа спектакуларен концерт на “Танец” во Подгорица, информираат од македонската Амбасада во Црна Гора.

Концертот го организираше Амбасадата на Македонија во Црна Гора, со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Секретаријатот за култура на главниот град Подгорица и КИЦ “Будо Томовиќ”, а по повод “Денот на независноста” и 75 години од постоењето на ансамблот “Танец”

Настанот беше отворен со химни на двете држави во изведба на Сузана Спасовска и Марина Цуца Франовиќ.

Потоа на присутните им се обратил амбасадорот Зеќир Рамчиловиќ, а по неговиот говор “Танец” се претставил со разновидна програма од својот широк репертоар.

-Публиката беше одушевена од “Тешкото”, “Копачка”, “Мариовска тресеница”, “Жетварка”, “Малешевка” и други кореографии.

Во салата се случи делириум при изведбата на вокалните фолклорни бисери од Сузана Спасовска, како “Кирјана вино продава”, а цела сала ги пееше безвременските песни “Море сокол пие” и “Македонско девојче”, велат од таму.

Фото: македонска Амбасада во ЦГ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Значителен раст: За шест месеци во Македонија странски инвестиции од 327 милиони евра

Редакција

Уште 9 македонски државјани го напуштија Израел, уште околу 100 чекаат да заминат

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Министерството за земјоделство за набавка на пет возила вреден 82.000 евра

Редакција