Комерцијална банка АД Скопје и официјално преку Македонската берза ја објави понудата за преземање на сите обични акции со право на глас на Стопанска банка АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
3.200 денари за акција: Познато колку Комерцијална нуди за сите акции на Стопанска банка Битола
Во истата меѓудругото стои дека Стопанска банка Скопје треба да ја прифати или одбие до 22. септември.
Како што е познато, понудена е цена од 3.200 денари за една акција.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека се објавени Понудата и Проспектот за преземање на Стопанска банка АД Битола. Понудената цена на акциите издадени од Стопанска банка АД Битола изнесува 3.200 денари по акција, а рокот за прифаќање на понудата изнесува 28 дена – од 26.08.2024 година до 22.09.2024 година“, информираа од Комерцијална банка преку Берзата.
Преку Берзата се огласија и од Стопанска банка Битола:
„Ве известуваме дека од страна на Комерцијална банка АД Скопје доставена е Понудата за превземање и Проспектот на понудата за превземaње на Стопанска банка АД Битола„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола