еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето за убиството на Вања и Панче одложено за 20. септември поради спојување на постапките

Само што почна, судењето за Љупчо Палевски Палчо и останатите четворица обвинети за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, се одложи за 20. септември откако Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.

Палевски е обвинет дека бил организатор на грабнувањата и извршител на убиствата на малолетната Ѓорчевска и на Жежовски.

Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска треба да почне судењето за Палевски и останатите четворица обвинети за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акција на МВР: Со „Рефлекс“ спречен нелегален влез на 252 мигранти преку македонската граница

Редакција

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 164 лица, од нив приведени 122

Редакција