еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Суспендирана акушерка која ненамерно пресекла мал дел од палец на новороденче

Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) информираа дека акушерка ненамерно пресекла мал дел од палец на новороденче. Таа е суспендирана.

„На Одделот за новородени деца се случил немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено бебе ненамерно му пресекла мал дел од палецот“, велат од ГАК.

Оттаму информираат дека по настанот, дежурниот педијатар постапил професионално и одговорно и веднаш бил повикан детски хирург.

„Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде што му била санирана повредата“, велат од ГАК.

Акушерката е суспендирана, дадена на дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството бара повисока казна за сопственикот на „ДоказМ“, а одбраната укинување на пресудата

Редакција

302 нови случаи на Ковид-19 од 2.182 тестови, 35 се реинфекции

Редакција

Алкалоид лани со раст на приходите од 16% и на добивката од 12%

Редакција