Жито Полог АД Тетово лани остварил позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на упех во износ од 11.055 илјади денари, пред оданочување, информира Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – декември 2024 година изнесуваат 296.887 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување за 24 %.
Во структурата на приходи најголемо учество – 99%, имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2023 година бележат зголемување од 25%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – декември 2024 година изнесуваат 277.606 илјади денари и во споредба со истиот период во 2023 година бележат зголемување од 14%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сашо Босилков, генералниот извршен директор на Жито Полог купи 343 акции на Друштвото
Лид комјуникејшнс продаде 7.006 акции на Жито Полог, ги купи ОК транспорт и шпедиција
„Софија градба„ продаде 2.875 акции во “Жито Полог“, ги купи “Нефроплус медикал„
Фото: Унсплеш