еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дарежлив финансиер на ДУИ купил украдена медицинска опрема од Македонија за неговата поликлиника во Косово

Радио Слободна Европа објави дека косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на македонскиот бизнисмен Дритон Шуки.

Косовските медиуми јавија дека станува збор за опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот истата наводно ја купил за 10 илјади евра.

Косовската „Авицена КС“ не е поврзана со македонската лабораторија „Авицена“, туку само го делат истото име.

Шуки, како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат, кој се сомничи дека е украден во Скопје.

Тој пак во изјава за косовскиот весник Инсајдер ја демантира полицијата и вели дека бил повикан како сведок, а не како осомничен.

„Некој сака да го наруши мојот имиџ“, изјавил Шуки.

Од МВР за РСЕ велат дека имаат сознанија за случајот и од страна на полицијата во Косово биле побарани податоци и информации.

„Истрагата е сè уште во тек и на случајот се работи од страна на полициите во двете земји“, велат извори од МВР.

Како што пишува РСЕ, Шуки има свој бизнис во Косово и Македонија, а поврзан е и со политичари од двете земји.

Во декември 2019 година тој станал член на Централниот одбор на ДУИ, а истата година бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра, што е максимално дозволена донација, пишува РСЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици, вели Спасовски

Редакција

Жителите на Кочани кои побараа лекарска помош поради вдишување на чад се пуштени дома

Редакција

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

Редакција