Синоќа во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар загинаа три лица, а осум се повредени.
Засега нема информации за идентитетот на загинатите и повредените, кои се пренесени во болницата во Кичево и комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Несреќата во која учествувале три возила, како што информираа од Секторот за внатрешни работи Охрид, се случила помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во близина на „Сеферов Бунар“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Обвинителството за сообраќајката на патот Кичево-Гостивар во која загинаа три лица
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.