еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Три млади лица загинаа во сообраќајка во Кичево

Во тешка сообраќајка на улицата Магистрален пат во Кичево утрово во 4.50 часот загинаа три млади лица.

Во несреќата учествувале возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И. (19) од Кичево и возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е. (32) од кичевското село Трапчин Дол.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С. (20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П. (21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Контакт со потврден случај имале 38,1% од новозаразените со корона вирусот

Редакција

Дали болеста на четиригодишната Симона од Штип беше искористена за лажен Инстаграм-профил?

Редакција

Обвинителството оформи предмет за случајот во кој од Македонски телеком човек фирма од Штип бара 4 милиони евра

Редакција