еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Тужен за геноцид: Денеска во Хаг почнува процес против Израел, по тужба од Јужна Африка

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Холандија, денеска почнува судскиот процес против Израел за геноцид врз Палестинците по тужба на Јужна Афррика.

Оваа е прв случај против Израел за случувањата во Појасот Газа пред судот во Хаг.

Јужна Африка го обвини Израел за вршење геноцид во спротивност со Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид од 1948 година, чии потписници се и двете земји.

„Убивањето на голем број на цивили, посебно деца, масовно протерување и раселување на Палестинци и уништување на нивните домови, хушкачки изјави на неколку израелски официјални претставници кои Палестинците ги прикажуваат како понизок вид кој треба колективно да се казни – сето тоа претставува геноцид и доказ на намерите“, пишува меѓудругото во тужбата.

Во истата се споменува и блокирање на храна и уништување на основните здравствени услуги за трудниците и децата, како и мерки на Израел кои доведуваат до нивно на уништување на Палестинците како група.

Израел ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе се брани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Израел досега уби над 23 илјади Палестинци

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за исчезнатиот Марко Давчев од Струмица од МВР

Редакција

Најчитано на еМагазин во 2019: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Редакција

Која е компанијата „Аитоникс“ со која Владата склучи договор за сајбер безбедност на институциите

Редакција