еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Туристка од Австрија при скијање скршила ребра на Шапка, спасена со хеликоптер

На Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во Центраот за управување со кризи (ЦУК) во 14:20 часот волонтер од Охридска спасителна служба, којшто е и водич на туристичка група – скијачи од странство, пријавил дека туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста „Орлов камен“ на Попова Шапка се здобила со повреда на ребрата.

„Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница, при што директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше во директна комуникација со спасителите.

При комуникацијата на спасителите со повредената австијка, таа информирала дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови.

На местото на настанот има пристигнато ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со нејзе, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации.

Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје,“ информираат од ЦУК.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 лица, плата до 30.560 денари

Редакција

Малку ли Ви се 222 починати за да почнете да верувате дека корона вирусот постои и да ги почитувате мерките?

Редакција

(Фото) Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права

Редакција