еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Турција доставила отпечатоци од прсти од Палевски, а се очекуваат и материјали за ДНК-анализи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, изјави дека од Турција побарале да се достават дактилоскопски податоци и папиларни линии од Љупчо Палевски Палчо, кој се наоѓа во есктрадициски притвор и е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

„Тие податоци се доставени и ќе бидат предадени во Јавното обвинителство. Се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа преку меѓународната правна помош.

Ние ги имаме тие биометриски податоци кои се наоѓаат во базата, како и за секој граѓанин.

Меѓутоа потребно е да се земаат и во овој тек на постапката сите дактилоскопски податоци и по барање на обвинителот профили за ДНК,“ изјави Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Палевски зависи колку брзо ќе биде екстрадиран во Македонија

Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?

Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?

Фото: Фејсбук/Десна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор меѓу синдикатите и Владата за покачување на платите во јавниот сектор

Редакција

Најниски просечни нето-плати во февруари

Редакција

Што пишува во биографијата на Бојан Маричиќ, новиот вицепремиер за европски прашања

Редакција