еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Доктор Трајковски: „Во храмот на здравјето да загинеш од пожар е трагедија и иронија, каква независност славевме“

Доктор Горан Трајковски, кој живее и работи во Германија и кој доста често за актуелни здравствени состојби зборува на неговиот Инстаграм-профил, овој пат се осврна на трагедијата која се случи во Тетово, каде што 14 пациенти изгореа во ковид-центарот.

„Во храмот на животот, во местото во каде што одиш и велиш еве го мојот живот, највредното нешто што го имам, ве молам спасете го, ви го давам во ваши раце, на лекарите, државата, болницата, во тоа место да загинеш во пожар, е трагедија и иронија.

Додека славевме независност. Која независност? Од што независност? Кога гореа шумите, да не ни пратеа камиони околните држави, ќе изгореше цела држава. Која независност, се храниме со патриотизам и празни калории, затоа што немаме што друго да каснеме.

Не остана друго освен патриотизам и мавање во гради.

Да си го голтнеме фактот дека не сме способни да водиме држава. Да добиеш тендерче за нешто да изградиш, тоа е идеалот. Ќе го направиш што повеќе да биде фуш и повеќе пари да задржиш за себе. Е тогаш си добар бизнисмен.

Си изградивме два паралелни болнички системи, си го прифативме тоа, додека се расправаме на секакви основи. Во приватниот каде што не треба да чекате, ќе ги добиете најдобрите испитувања, квалитетно, на светско ниво.

Но ако немаш пари веќе не си господин, одиш во болницата што ќе ја направиме ние и ќе си го ставиш животот под ризик,“ вели доктор Трајковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) 38-годишен тетовчанец, татко на две деца се излечил од Ковид-19, но не го преживеа пожарот во ковид-центарот

“Имавме време колку да излеземе преку прозорецот“: Сведоштво на жена која со сопругот се спасила од пожарот во ковид-центарот во Тетово

Сведоштво на девојка чиј татко се спаси од ковид-центарот во Тетово: „Пожарот изби многу бргу, моите, а и многу други избегаа низ прозорец“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ДобиФме вакцини без договор за добрососедство„: Твитер реакции за донацијата од Србија

Редакција

Цената на нафтата надмина 129 долари за барел, прв пат од 2008 година

Редакција

(Видео) Како изгледаат тунелите на Хамас кои се клучни во војната со Израел

Редакција