еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цементарница Усје ќе дели дивиденда од 2.404 денари за акција

Од Цементарница Усје АД Скопје преку Македонската берза информираа дека за периодот јануари – септември 2024 година, Друштвото ќе распредели аванс на дивиденда за акционерите во бруто износ од 1.355.336.736 денари, односно 2.404 денари за една акција.

Последен ден на тргување со право на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година е 25.12.2024 година.

Прв ден на тргување без право на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година е 26.12.2024 година.

Исплатата на авансот на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 31.12.2024 година.

За периодот јануари – септември 2024 година, Друштвото оствари добивка во износ од 1.538.476.213 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цементарница Усје со зголемена добивка во третиот квартал

Цементарница Усје во првиот квартал со зголемена добивка и продажба

Цементарница Усје ќе дели дивиденда од 2.415 денари по акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што значи персонализирана медицина за онколошките пациенти

Редакција

Приведени учителка и улични дилери на дрога: Голема полициска акција во Скопје

Редакција

За инцидентот со пратеникот на ДУИ, Адеми, за СДСМ виновна е ВМРО-ДПМНЕ

Редакција