еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Фестивалот на инклузија по трет пат ќе ве маѓепса и ќе ви ја разнежни душата!

Во четири фестивалски денови, помеѓу 20 и 23. јуни 2024 година, во Паркот Македонија – Општина Кисела Вода, Здружението Икуалити ќе зрачи со љубов, позитивна енергија и преку бројни настани наменети за сите генерации ќе ги разбуди најдлабоките емоции кај граѓаните.

Поделен во 4 тематски зони – Паркот Македонија ќе биде дом на сите оние кои се отворени за дружење, кои несебично сакаат да споделуваат и создаваат незаборавни моменти и заедно ќе придонесат за креирање отворено општество, во кое секој од нас има своја улога и влијание за подобро утре!

Отворањето, на 20 јуни во 20 часот, ќе го одбележат дечињата од инклузивниот бенд од школото „Димитар Влахов“ под водство на професор Кристијан Тасевски и пијанистката Ема Ананиевска, како горди претставници на заедницата на лица со попречености.

Музичката програма ќе ја предводат магичните Зарина Првасевда, Дина Јашари, Нина Јанева со бендот, ДЏ Мартин Делимитов, ДЏ Џон Антонио.

Програмата ја збогатуваат и спортските работилници „Испробај се во баскет во колички“ за секој заинтересиран да се проба во најпопуларниот инклузивен спорт – кошарка во инвалидска количка, уметничките работилници за најмладите „Од украс до отпад -правење фигури и украси“ и за изработка на наметки за суперхерои „Ние сме супер-херои“ во соработка со Специјалното училиштето „Св. Наум Охридски“, и работилницата за танци „Танцувај со нас“.

Целовечерна филмски проекции на платно со меѓународно наградени филмови на социјално инспиративни инклузивни теми и танцовата инклузивна претстава „Сеќавања“ во изведба на Танцовото студио – Еурека, како и магионичарското шоу се тука да ве восхитат, инспирираат и поттикнат да бидете љубезни, срдечни и отворени, затоа што сите сме едно – сите сме луѓе.

Програмата ќе биде заокружена со дебатата „Креираме инклузија и интеграција преку меѓусебна поддршка“ со учество на родители на деца со попречености, која ќе ја модерира претседателот на Здружението Икуалити, Гере Трипков, како и со изложбата на цртежи на деца од општинските школи од Општина Кисела Вода на тема „Заедно можеме“.

За прв пат од оваа година, Здружението Икуалити ќе додели награди „Шампиони на инклузијата“ доделени за придонес и промоција на правата на лицата од социјално ранливите заедници во категориите: лице со попреченост, организација, општествено одговорна компанија, јавна личност, градоначалник и амбасадор.

Фестивалот на инклузија ги поканува сите граѓани на градот Скопје, но и од целата држава, да не посетат, да се забавуваат, инспирираат и поврзуваат и преку сите фестивалски културно-уметничко-забавни настани да се приклучат во креирањето ненадминлива позитивната енергија со цел рушење на бариерите во општеството и создавање простор за поттикнување и промоција на способностите на најранливите и маргинализираните.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стартува пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки

Редакција

Пивара Скопје освои највисоки награди од Министерството за економија за проектите за едукација на младите и за етичко управување

Редакција

Да зборуваме отворено за женското здравје и менструалниот циклус!

Редакција