еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Филип Морис Интернешнл и Тутунски Комбинат Прилеп – десет години успешна соработка во Македонија

Иновации во тутунската индустрија, производството на брендови на Филип Морис Интернешнл (ФМИ) за потребите на над девет странски пазари, финансиска консолидација на Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), зголемена ефективност и продуктивност се само дел од придобивките од 10 годишното партнерство помеѓу ФМИ и ТКП, информираат од Комбинатот.

Ова партнерство донесе голем број придобивки за локалната заедница и за Македонија, поставувајќи ја земјата на мапата на инвестиции на гигантот во тутунската индустрија, посочуваат од таму.

Брендовите кои се произведуваат во ТКП се извезуваат на девет пазари, меѓу кои и земји од ЕУ а во подготовка е уште еден.

„Десетгодишното партнерство меѓу ФМИ и ТКП е пример за позитивното влијание што силните меѓународни соработки можат да го имаат врз економијата и заедницата. Заедничките напори не само што ги унапредија нашите индустриски капацитети, туку создадоа и нови можности за тутунскиот комбинат кој успеа од загубар да стане профитабилна компанија,” изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Соработката на компаниите резултира со позитивни резултати врз економијата, воедно овозможувајќи имплементација на напредни производствени процеси и инвестиции во најсовремена опрема.

„Навистина сме задоволни од постигнатото со ТКП во изминатата деценија. Заедно направивме голема промена во работата на ТКП и поставивме нови стандарди во индустријата во Македонија. Покажавме дека во Македонија имаме вистински партнер и дека оваа соработка ќе се продлабочува. Нашето партнерство е изградено врз меѓусебна почит, споделени вредности и заедничка визија за иновации и напредок”, изјави Иван Костиќ генерален директор на ФМТКП.

За ТКП ова партнерство донесе стабилност на Комбинатот и влијае позитивно на локалната заедница.

„Одбележувањето на десет години соработка со ФМИ е значаен јубилеј за нас.Ова партнерство ни овозможи да ги подобриме нашите производствени капацитети, да усвоиме најсовремени технологии и да ги подигнеме нашите оперативни стандарди. Благодарни сме за поддршката и со нетрпение очекуваме многу повеќе години заеднички успех,” изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при посетата на Тутунскиот Комбинат Прилеп.

Генералниот извршен директор на Тутунски комбинат Прилеп, Александар Алексовски изрази надеж дека соработката ќе се продлабочи и во следните години и ќе донесе до уште поголеми резултати, за унапредување на работата на комбинатот но и за локалната заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Редакција

Алтернатива остана без министри

Редакција

Шокаровски вратен на директорското место во Кардиохирургија

Редакција