Во хотелот Хајат во Белград, Србија, синоќа се одржа македонска вечер во рамки на Саемот за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.
На истата беа присутни голем бројни македонски и српски државници, дипломати, како и бизнисмени од двете земји и гости од регионот.
Гостите имаа можност да пробат вина од над 300 мали, средни и големи винарии, уживаа во македонските специјалитети, а ги забавуваше македонската пејачка Андријана Јаневска.
Од Владата беше најавен и настап на македонскиот пејач Наум Петревски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски во посета на Србија: Со кој ќе се сретне
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.