На 13. јули 2024 година, успешно заврши четвртото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи од 7 до 13. јули 2024 година во Охрид.
Кампот за високо-технолошка извонредност беше еднонеделна програма за унапредување на вештини по роботика, програмирање и кодирање, кој е комбинација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика.
„Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и соработка (работа во парови/групи), ги охрабрувавме и поттикнувавме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат модели согласно шеми.
Учесниците беа изложени на напредни технологии и современи методи, кои ги подготвуваа за идните предизвици во високотехнолошкиот свет, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и во крајна линија да придонесеме кон поттикнување на нивниот интерес за продлабочување на СТЕМ образованието и развој на кариера во оваа област.
Од друга страна, специфичноста на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе од 11-15 години со македонско потекло и млади од нашата земја, да воспостават долготрајни пријателства и да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, но и чувството за одговорност и враќањето кон заедница.
Преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети, учесниците добија уникатно искуство кое ќе го паметат целиот живот.
Особено бевме среќни што изминативе години успеавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар и други земји. Оваа година, бевме домаќини на 21 дете од Македонија и од дијаспората, вклучувајќи учесници од САД, Катар, Италија, Хрватска, Шведска и Малта,“ информираат од Македонија2025.
Kампот, како и изминатите три години, е под покровителство на претседателот на државата.
„Оваа година имавме задоволство по прв пат да бидеме домаќини на претседателката Гордана Силјановска Давкова и да и ги претставиме изработените модили,“ се додава во соопштението.
При посетата, таа на учесниците им порача дека со стекнатите искуства и знаења, тие се најмладите амбасадори и промотори на Македонија.
„Ви посакувам секогаш да размислувате позитивно, да продолжите да се надградувате и да се изградите во лидери со самодоверба, но и самокритичност, кои ќе создаваат подобра иднина со употреба на технологијата,“ изјави Сиљановска Давкова.
Самото доделување на сертификатите за учество на Кампот од страна на претседателката веруваме дека е дополнителен мотив и поттик за нашите млади иноватори нагласувајќи го значењето на млади таленти и негувањето на културата на иновациите во Македонија.
Повеќе за програмата и споделените искуства на учесници од изминативе години може да најдете на следниот линк: macedonia2025.com.