еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Ново обвинение за Максим Димитриевски

Градоначалникот на Куманово и кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, на социјалните мрежи информираше за нова кривична пријава против него.

Тој од Основното јавно обвинителство Куманово добил покана да се јави во Обвинителството, бидејќи е обвинет за кривичното дело „Неизвршување на судска одлука“.

Нема детали кој е подносител на кривичната и за што точно се работи.

„Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем.

Ќе има и правда, ќе има и мир, а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Одложен стартот на судењето за Максим Димитриевски поради нови докази

Пред избори обвинение за Максим Димитриевски, тој обвини дека власта мотира случај против него

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција драстично ја менува енергетската карта на Европа, вели Радев

Редакција

(Фото) 14-годишната Вања Ѓорчевска не е единственото дете кое го бара МВР, активни се потерници за уште шест малолетници

Редакција

Прекината собраниската седница, измените на Законот за попис прво на комисиска расправа

Редакција