Несекојдневен позитивен пример за тоа како треба да се третираат вработените, кој што треба да го следаат и другите фирми во Македонија.
Охридскиот ланец на маркети „Тамаро“ награди тројца долгодишни вработени со автомобили и паричен ваучер.
Информацијата фирмата ја сподели на Фејсбук, каде што информираше дека автомобил добила Билјана Стевановиќ.
Таа работи таму 22 години. Почнала како агент за продажба, била унапредена во материјален книговодител, па станала прв менаџер на “Тамаро 7“ хипермаркетот, а сега е главен менаџер за продажба во „Тамаро“.
Автомобил доби и Горан Манев, кој исто така работи таму 22 години. Тој започнал на работна позиција магационер, бил главен магационер на замрзната роба во комори, а сега работи како контролор на прием на роба во АМ магацинот, како и ускладиштување на робата.
Билјана Лолеска доби ваучер од 7.000 евра. Таа работи во “Тамаро“ 23 години. Почнала на позицијата агент за продажба, а во моментов е главен менаџер на АМ магацинот во склоп на „Тамаро“.
Тамаро е основана во 1997 година.
Фото: Тамаро/Фејсбук