еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Моментален резултат со долгорочен ефект нудат револуционерните филери на Синклер сега достапни во Клиника Жан Митрев, информираат од таму.

Дермалните филери Елансе и Маили и колагенската-стимулирачка инјекција Ланлума се најновиот медицински метод во корективната дермална естетика за подмладување на кожата.

Филерите на Синклер во медицинската дерматологија се посебно препорачани заради нивното 2-во-1 дејство кое започнува со корекција на брчките, а потоа продолжува со стимулација на природното производство на колаген во телото, притоа решавајќи ги основните причини за стареење на лицето.

„Резултатите од користењето на Елансе и Маили филерите се видливи инстантно а ефектот е долгорочен. Слој по слој, Елансе создава цврста основа за трајни резултати, односно веднаш ги пополнува брчките и го редефинира обликот и контурите, што е инстантниот ефект, а потоа дејството е долготрајно и делува на намалување на знаците на стареење и подмладување на лицето обезбедувајќи видливо подобрување на квалитетот на кожата, затегнатост, цврстина, еластичност, тон и текстура“, објаснува тимот од Одделот за естетска дерматологија на Клиника Жан Митрев.

Дермалните филери се прилагодени за различна цел и ги преобликуваат, прецизираат и подобруваат специфичните области на лицето. За поголеми депресии на кожата се препорачува Ланлума, безбедна и ефикасна колаген стимулирачка инјекција, која ги подобрува облините и контурите на телото, го надополнува волуменот во длабнатите предели на кожата.

„Ланлума е посебно препорачана заради природната стимулација на колаген и затоа што функционира заедно со телото создавајќи природен изглед и безбеден резултатот со долготраен ефект.

Докажаната формула со поли Л-лактична киселина предизвикува реакција на регенерација во длабоките ткива на кожата, го поттикнува создавањето на колаген додавајќи волумен за постигнување совршени резултати“, велат од тимот на Клиника Жан Митрев.

И филерите и колагенската инјекција од Синклер се најсовремениот метод во естетската дерматологија со докажани резултати кај голем број задоволни пациенти. Се аплицираат преку инјектирање, а за што поголем ефект и безбедност при администрирање се препорачува да се администрираат исклучиво од страна на обучен и овластен здравствен работник.

Методите и ефектите на дермалните филери Елансе и Маили и колагенската инјекција Ланлума, сите од реномираниот производител Синклер беа претставени на дводневната презентација пред стручната јавност, доктори специјалисти, дерматолози и пластичари од целата држава.

Во текот на викендот се одржаа повеќе работилници на кои стручниот тим од Одделот за естетска дерматологија на Клиника Жан Митрев пред дерматолозите и специјалистите за естетска дерматологија демонстрираа апликација на филерите.

Тимот на Клиника Жан Митрев стои на располагање за сите дополнителни прашања и консултации за користење на филерите и колагенскиот третман, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во скандалот со корупција во Брисел вмешана и потпретседателката на Европскиот парламент од Грција, Ева Каили

Редакција

Европска комисија и Европскиот парламент со подршка за Западен Балкан, бугарските европратеници со критики до македонските власти

Редакција

Загина 18-годишно момче од скопско Љубанци

Редакција