Кафулето „Барон“ во скопски Чаир, во кое беше подметнат пожар и кое го носи името на истоимената криминална група „Барон“ и нејзиниот член Гани Туша, чиј татко Зељќиф Туша беше убиен неколку часа подоцна, се топ тема, а поврзаност помеѓу двата инциденти кои ја вознемирија јавноста истражува Основното јавно обвинителство Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Објавена снимка од подметнувањето на пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир
Сопственикот на кафулето, Јусуф Аќифи моментално е во затвор во Идризово, а на една од фотографиите кои ги објавил на социјалните мрежи, како што објави Фокус, може да се види во друштво со водачот на друга криминална група “Беланоца“, Фатњум Ајети – Тоте, кој е во истиот затвор поради трговија со дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Гани Туша, осомничениот за убиството на Оки, чиј татко е убиен
Туша, како што е познато е осомничен за убиството на еден од водачите на криминалната група „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки, соперничка група на „Барон“ и “Беланоца“, како и на групата „Грчец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти
Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли
Фото: Влада