еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Халк Осигурување со 15% намалување на полисите за жените

По повод денот за жената, Халк Осигурување ја креираше кампањата „Сигурна во секој чекор“, информираат од таму.

Таа претставува еден вид потсетник дека сигурноста не е луксуз, туку основа за здрав живот и стабилно соочување со секојдневните предизвици, посочуваат од таму.

„Во рамки на кампањата, во текот на месец март, Халк Осигурување за сите припаднички на женскиот пол подготви пакети со намалување од 15% на полисите за осигурување на домот и за осигурување од тешки болести.

Оваа поволност се однесува на сите нови полиси, но и за обновување на постоечките полиси. Дополнително, полисите за осигурување од тешки болести клиентките можат да ги склучат и за членови на нивното семејство.

Целта на Халк Осигурување месецов е да ја афирмира улогата на жените како столб во заедницата, а истовремено да им пружи поддршка во грижата за нивното здравје и добросостојба. Некои нешта не треба да бидат неизвесни. Безбедноста на домот и здравјето на секоја жена, како и на нејзините најблиски, се неприкосновени приоритети,“ се вели во сооппштението.

Повеќе детали за поволностите, како и условите за полисите за осигурување на домаќинство и за осигурување од тешки болести на Халк Осигурување се достапни на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациенти од Радовиш и Берово починаа од Ковид-19 во штипската модуларна болница

Редакција

Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре работат редовно

Редакција

Избори 22 дена по крајот на вонредната состојба, но енигма е колку таа ќе трае

Редакција