еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Цементарница Усје обвинета дека загадува, а фабриката не работи

Како и секоја зима и оваа повторно паушално без докази, за загадувањето во Скопје се обвинува Цеменарница Усје, иако како и што информираа денеска од Државен пазарен инспекторат за животна средина од почетокот на месецов поради редовен годишен ремонт не работи една од печките, а од пред неколку дена и друга печка, од истите причини, што значи дека фабриката не работи, а тоа го покажуваат и податоците од мерењето на емисиите на фабриката кои се јавно достапни.

Но, и покрај овие аргументи од невладината О2 коалиција пред два дена излегоа со обвинувања дека најголем загадувач во Скопје е Цементарница Усје, а како доказ споделија фотографии.

Компанијата демантираше и посочија дека станува збор за паушални тврдења без докази.

Оттаму ги повикаа сите невладини организации, институции и граѓани да ги посетат и да се информираат, а посочија дека поседуваат Интегрирана еколошка А дозвола, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање и дека сите операции во компанијата се следат со 24 часовен мониторинг на индустриските емисии, од страна на германскиот производител SICK, чија опрема гарантира независно мониторирање на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции.

На ваквите обвинувања од невладината за ситни дневни политички поени, повторно без докази се „налепи“ и партијата Левица, па нејзините советници во Град Скопје побараа Инспекторат на Градот Скопје и Секторот за заштита на животната средина, да направат вонреден инспекциски надзор во Усје, иако за било каков надзор за компании со Интегрирана еколошка А дозвола е надележн Државниот пазарен инспекторат за животна средина.

Град Скопје и другите општини, според законот се надлежни за надзор само за компаниите со Интегрирана еколошка Б дозвола.

Бројни истражувања покажаа дека најголемите загадувачи во Скопје се автомобилите и граѓаните кои се греат на дрва или нафта, како и над 100. државни институции кои се греат на мазут или со екстра лесно гориво, а меѓу нив има и болници, училишта…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Речиси 700 јавни објекти низ Македонија се греат на нафта и мазут и го загадуваат воздухот

(Мапа) Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на мазут и на нафта за домаќинство, велат од “Шанса за Центар“

Индустријата работи турбо преку летово, а во Скопје нема загадување над дозволеното

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка за шест месеци

Редакција

Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје за годишнината од раѓањето на Делчев

Редакција

Можното прашање за консултативен референдум: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“

Редакција