Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово остварил средба со новоизбраниот заменик – генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.
„Министерот Муцунски ѝ упати искрени честитки за изборот на оваа висока и значајна функција, која претставува признание за нејзиниот досегашен ангажман и потврда за меѓународната репутација на Република Северна Македонија како активна и посветена членка на НАТО.
Во текот на разговорот, министерот изрази уверување дека нејзината улога ќе придонесе за дополнително зајакнување на Алијансата и унапредување на соработката меѓу земјите членки.
Тој ја потврди посветеноста на Република Северна Македонија на заедничките цели и вредности на НАТО, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи да дава активен придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко,“ се вели во соопштението на Министерството за надворешна политика и надворешна трговија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сиљановска Давкова лично и честита на Шекеринска
Мицкоски вчера и честитал на Шекеринска
Каков имот пријавила Шекеринска, која е избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Фото: МНР