Веќе шести ден 43-годишната скопјанка Лидија Трајковска е исчезната.
Полицијата ја продолжува потрагата, веќе пребара неколку локации и со дронови, а беа пронајдени и неколку нејзини предмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска
Потрагата ја продолжува и нејзиното семејство, а за првпат за телевизијата 24 се огласи и нејзиниот сопруг Свето Трајковски, кој испрати трогателен апел до нејзе и моли за било каква информација.
„Душо моја, срце мое, кај и да си дај ми еден позитивен сигнал дека си жива. Прати ни нешто, барем некој сигнал, прати ни абер. Ти не би направила ништо за да не уништи нас. Нашите ќерки, јас, те очекуваме. Дај ни барем еден сигнал – јави се од некаде. Нашата надеж уште постои. Ти си жива и ќе бидеш жива, ние ќе го продолжиме животот, јави се каде и да си душо моја„, изјави Трајковски за ТВ 24.
Нејзиниот брат Александар Јоциќ за телевизијата вели дека ја бараат ден и ноќ и апелира полицијата во потрагата да вклучи и кучиња трагачи, но и нуркачи, кои би ја барале во реката Вардар.
Трајковска последен пат била видена на автобуската станица во скопското село Јурумлери. Кога исчезнала носела зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики.
Доколку ја видите јавете се на бројот 071 345 208 или пријавете во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За исчезната Лидија Трајковска пишуваат и српските медиуми
Фото: ТВ 24