Најавата дека Албанија на најмалку една година ќе ја забрани платформата ТикТок, но и дека Грција ќе забрани пристап до сите социјални мрежи за помлади од 15 годони е топ тема во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реакциите за ваквите одлуки се поделени, некои ги оправдуваат, некои не, а причините се лошото влијание на социјалните мрежи врз децата и младите.
ТикТок беше во фокусот во Македонија пред извесно време кога поради предизвикот „супермен челинџ“ над 20 деца и млади завршија во болница, а истиот предизвика голема загриженост кај родителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалото имаше само осум години, дел од децата имаа и скршеници, а шокатно беше дека голем дел од нив се повредија во училиште.
Тогаш од Министерството за дигитална трансформација посочија дека ја следат состојбата, но и дека немало докази за користење на ТикТок за извршување на кривични дела, што според Законот за електронски комуникации е предуслов за преземање на мерки за забрана.
Македонија засега не размислува ни за делумно, ни за целосно забранување на некои од социјалните мрежи, а според министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски за проблемот ќе се разгледуваат начини за едукација на децата и родителите.
Во Европа, во Австрија веќе има одлука за забрана на пристап до социјални мрежи за помлади од 16 години.
Слични одлуки се применуваат и во Белгија, Франција и Германија.
Можноста за забрана на ТикТок се разгледува и во САД.
Фото: Унсплеш