еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе одговара ли некој што сестрата од Детската клиника неправедно беше нападната и обвинета за наводно претепување на бебе?

Ќе одговара ли некој што сестрата од Детската клиника во Скопје неправедно беше нападната и обвинета за наводно претепување на тримесечно бебе?

Точно се знае кој се учествуваше во „пумпање“ на оваа приказна, која „смрдеше“ уште од почеток. Кои медиуми, за чија непрофесионалност не реагираа новинарските здруженија, кои надлежни наместо да работат со факти и аргументи даваа изјави кои дополнително ги вжештија работите и кои политички партии нечовечки собираа евтини поени на измислената приказна.

Сите тие во најмала рака треба да одговараат за лажно информирање, навреда, предизвикување стрес, а не треба да се биде некој си експерт, за да се каже дека во лажната приказна има и елементи на потикнување на меѓуетнички тензии и омраза.

Никој не праша како и е на таа сестра која 15 години работи на Клиниката, на нејзиното семејство, кое само Бог знае што се прочитало по социјалните мрежи.

И никој не и се извини јавно.

И после се чудиме зошто сестрите ни бегаат во странство. По се малку им се ненормалните услови во кое мора да работат секој ден за мали пари, со секакви луѓе.

Тоа ќе продолжи да биде така и за многу други се додека виновниците не одговараат за своите постапки.

Неказнувањето, на кое се навикнавме во вакви случаеви, ќе донесе уште многу неправди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврдила Комисијата

Случајот со бебето на Детска клиника, добива сосема нов тек од првичните обвинувања за малтретирање

Бебето кое наводно било малтретирано на Детска клиника имало наод на тромбоцитопенија, состојба која предизвикува модринки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се обичаите: Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Редакција

Имотот не е ВМРО, туку народот, вели Мицкоски за судската одлука за конфискација на партиското седиште

Редакција

Заев во одбрана на Анѓушев

Редакција