еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Акцијата на Реплек ќе стане достапна за повеќе инвеститори

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на Годишното собрание на компанијата одржано на 25.04.2024 година била донесена Одлука за поделба на обичните акциии издадени од Реплек и намалување на номиналниот износ на акциите во сооднос 1:10 .

-Врз основа на член 5 од оваа одлука уписот на поделбата на акциите во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе биде спроведен согласно состојбата на акционерската книга на ден 12.07.2024 година, по спроведено порамнување на берзанските трансакции.

За целите на успешно спроведување на наведената Одлука, по извршени консултации и добиени насоки од Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност, Ве известуваме дека на ден 12.07.2024 година времено ќе биде стопирано тргувањето со акциите издадени од Реплек на Официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје и истото ќе продолжи на 15.07.2024 година, информираа од компанијата.

Оваа одлука, според познавачите на берзанскиот пазар, значи дека акцијата на Реплек ќе биде достапна за повеќе инвеститори со што компанијата ќе привлече свеж капитал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реплек со раст на приходите од продажба од 20% во првата половина од 2024

(Видео+фото) Како се прави спрејот Оралсепт на Реплек

Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на Душан Пецовски, првиот човек на Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување во Србија: Колку заболеле од Ковид-19 после вакцина, колку добиле пневмонија и колку завршиле во болница

Редакција

(Фото) Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“, тие нему тегла мед поздрав од Атиџе

Редакција

На возраст од 40 до 59 години, најмногу од новозаразените со корона вирусот во Македонија

Редакција