еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Бебе во тешка здравствена состојба оставено ма улица во центарот на Велес

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено на улица во центарот на Велес, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје.

Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување.

Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата,“ велат од СВР Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за апсењето на Рамадани, поранешниот припадник на ОВК

Редакција

Пријавите за експлозивни направи во девет скопски училишта се лажни

Редакција

Боки 13 пуштен од затвор

Редакција