еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Бисера Чадловска – жена на годината, кои се другите победнички во изборот „Жена на годината 2023“

Во енергична и инспиративна атмосфера со многу позитивна енергија, во Музејот на македонската борба во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2023” (www.zenanagodinata.mk), во рамки на конференцијата „Жени претприемачки“.

Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 799 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по пет во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Лауреатот македонска Жена на годината го понесе Бисера Чадловска – првата жена диригент во Македонија. Под нејзината диригентска палка, во изминатите две децении се реализирани многубројни оперски и балетски дела на сцената на Националната опера и балет.

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2023“:

Жена на годината – Бисера Чадловска

Жена со трајни вредности – Наде Молеровиќ

Жена менаџер на годината – Тања Милисковиќ

Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Стефанија Зип

Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Катерина Трајчевска

Жена со најголеми достигнувања во културата – Наташа Поповиќ

Жена со најголеми достигнувања во спортот – Мери Акиевска

Жена со најголеми достигнувања за општеството – Сибел Бајрам

Жена со најдобар стил – Татјана Алексиќ

Инфлуенсерка на годината – Мери Бајрамовска.

Целта на изборот „Жена на годината“ е да им се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.

Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг365 и Касиа Евентс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Припадник на МВР во службено возило е загинатиот во железничката несреќа

Редакција

(ВИДЕО) TOYOTA PROACE City – Создаден за вашиот бизнис

Редакција

Каков имот пријавил Фадил Бајрами, кој повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Редакција