еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 објасни зошто е пуштен од затвор, неговиот адвокат побара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Одбраната на Бојан Јовановски Боки 13 и на другите осудени, денеска во Апелациониот суд во Скопје побара укинување на пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ заврши во април лани, а Судот на Јовановски му одреди казна затвор во траење од девет години за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Јасна Ерцеговиќ беше прогласена виновна за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ и доби казна затвор од четири години во која се смета и времето поминато во куќен притвор.

Ослободена од обвинението за „измама“ беше Фросина Ташевска Ременски, а Христина Блажевска за делото „перење пари и други приноси“ доби казна затвор од една година, а беше ослободена за делото „измама„.

Таткото на Јовановски, Миле Јовановски беше обвинет за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори кривично дело.

Правното лице „Меѓународен сојуз“ пак Судот го казни со еден милион денари.

Адвокатите на осудените и Јовановски, во своите излагања пред Судот, укажаа на повеќе повредени права во текот на првостепената пресуда и неправилно толкување на докази, поради кои, сметаат дека истата треба да се укине.

– Согласен сум со образложението на моите бранители. Единствено што барам е да имам можност за фер судење пред непристрасен суд каде што на фер начин ќе може да се докаже мојата невиност, рече меѓудругото Јовановски.

Пред седницата Јовановски изјави дека му била констатирана „интенстинална метаплазија“ на желудник и дел од тенките црева, па затоа бил пуштен од затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 пуштен од затвор

– Со оваа здравствена состојба не бев и не сум во состојба да бидам во затворот каде ја издржував казната на која бев правосилно осуден и поради тоа сум пуштен на домашно лекување, односно на прекин на издржување казната затвор.

Со себе носам цела терапија за да функционирам, покрај тоа што имам сериозен хигиено-диететски режим кој изискува посебна храна за да функционирам. Имам проблеми од органски карактер, рече тој и појасни дека нема физички проблем, туку станува збор за органско заболување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Господ на помош“: Боки 13, кој излезе од затвор објави селфи од пред Соборниот храм

Фото: Инстаграм/Јовсновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Mајмунски“ обид за повторен страв кај населението, слободно планирајте си летни одмори, вели Беќаровски за „мајмунските сипаници“

Редакција

„Се очекува наскоро бугарскиот Парламент да изгласа резолуција дека Адам бил Бугарин, а Ева Бугарка“: Твитер реакции за кирилицата и Кирил и Методиј

Редакција

Поскапува дизелот, цените на бензините остануваат исти

Редакција