Босанската групација ТТ Кабели најавува влез во Македонија, на што работела една година.
Планира да отвори фабрика за нисконапонски кабели во Неготино.
Станува збор за инвестиција од 20 милиони евра, а истата ќе се протега на 20 илјади метри квадратни.
Се планира вработување на 90 лица.
Групацијата има над 400 вработени и ги продава своите производи во над 50 земји низ светот.
Своја дистрибутивна мрежа преку подружници има во Австрија, Хрватска, Латвија и Србија, и фабрика за производство во Босна и Херцеговина.
Фото: ТТ Кабели
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.