еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Брајан Адамс ќе има акустичен концерт во Скопје само за 2.500 лица

Легендарниот пејач Брајан Адамс на 27. април ќе има акустичен концерт во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, на кој ќе можат да присуствуваат само 2.500 лица, информираа од Авалон.

Концертот ќе трае 90 минути, а Адамс кој ќе свири и на гитара, ќе го придружува долгогодишен пријател и пијанист, Gary Breit.

Посетителите на концертот ќе имаат можност да ги слушнат “Heaven”, Summer of ’69”, “Please Forgive Me”, “All for Love”, “Have You Ever Really Loved a Woman”…

Поради типот на програмата, салата ќе биде редуцирана и сите влезници ќе бидат за седење.

Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (27. февруари) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk.

-Сите информации околу цените на влезници и категории ќе бидат објавени денес во 19 часот на нашите платформи, велат од Авалон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дводневен фестивал со настапи на Јаневска, Лозано, Алабаковски, Пајак, ДНК… во Бутел

Редакција

“Од струмички чушки и френки до милион долари“: Инспиративната приказна на Блаже Аризанов

Редакција

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски

Редакција