Бројот на загинати на божиќниот базар во германскиот град Магдебург се искачи на најмалку пет лица, меѓу кои и дете, а бројот на повредени порасна на над 200, соопштија германските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што е познато напаѓачот 50-годишниот Талеб А., е уапсен, а германскиот весник “Билд” објави дека при нападот тој бил под дејство на наркотици.
Тој е по потекло од Саудиска Арабија, која го осуди нападот, а во Германија бил повеќе од 18 години и работел како лекар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.