еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бројот на работници во јануари зголемен за 2,6%

Бројот на работници во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 2,6 осто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јануари 2024 споредено со јануари 2023 година статистиката евидентира пораст од шест проценти на бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен, од 2,4 проценти во Преработувачка индустрија, а од 0,8 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,5 проценти, Капитални производи за 17,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 проценти.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од ТТК Банка за 63.000 евра

Редакција

Приведени седум македонски државјани кои се бореле во Сирија и Ирак

Редакција

Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции

Редакција